Како почнало да се празнува Божик

Денеска е Божик за сите што се водат по грегоријанскиот календар. Католиците го слават раѓањето на Синот Божји, неговото доаѓање на земјата и љубовта што го принудила да го земе човековото тело, да ги живее на земјата сите несреќи на човековата судбина и да го даде својот живот за нас. Два милениума луѓето од целиот свет практикуваат религиозни и спектакуларни традиции. Обичаите вклучуваат размена на подароци, украсување божикни дрва, одење во црква, ручек со семејството и пријателите и, се разбира, чекањето на Дедо Мраз.

Стар празник

bozikj1Средината од зимата одамна било време за прослави во светот. Векови пред доаѓањето на Исус, првите Европејци ја славеле светлината и раѓањето на сонцето по најтемните денови од зимата.

Во Скандинавија, Норвежаните го славеле Јуле од 21 декември, зимската рамноденица, и во текот на јануари. Во прославата на враќањето на сонцето татковците и синовите носеле дома големи дрвени трупци што ги гореле. Луѓето јаделе додека дрвата гореле, што можело да трае и до 12 дена. Норвежаните верувале дека секоја искра од огнот претставува ново прасе или теле, кое можеби ќе се роди во текот на следната година.

Крајот од декември бил совршено време за прослави во Европа. Животните се колеле за да не бидат хранети во текот на зимата, а виното и пивото што го правеле во текот на годината, конечно, ферментирало и било подготвено за пиење.

Во Германија луѓето го славеле паганскиот бог Один за време на празниците среде зима. Германците се плашеле од Один, верувале дека навечер летал на небото за да ги гледа, а потоа решавал кој ќе успее, а кој ќе пропадне. Поради неговото присуство таму горе, многу луѓе одлучувале да си останат во своите домови.

Сатурналиите

badnikВо Рим, каде што зимите не биле толку силни како на далечниот север, се славеле Сатурналиите – празник во чест на Сатурн, богот на земјоделството. На почетокот на неделата кога била зимската рамноденица и во текот на следниот месец, за Сатурналиите бил време за хедонизам кога имало изобилство од храна и пиење, а нормалниот римски социјален поредок бил превртен на глава. Цел месец робовите можеле да бидат господари. Со градот управувале селаните. Бизнисите и училиштата биле затворени за сите да учестуваат на забавата.

За зимската рамноденица Римјаните славеле и Јувеналија, гозба во чест на римските деца. Богатите луѓе на 25 декември го славеле раѓањето на Митра, богот на неосвојливото сонце. Се верувало дека Митра, детето бог, било родено од камен. Роденденот на Митра било најсвет ден во годината.

Во првите години од христијанството Велигден бил главниот празник; раѓањето на Исус не било прославувано. Во четвртиот век црквените власти решиле да го воведат раѓањето на Исус како празник.

Библијата не наведува датум на неговото раѓање. Се верува дека црквата го избрала овој ден во обид да ги прифати и адаптира традициите од славењето на паганските Сатурналии. Првично наречен гозба за раѓањето на Исус, обичајот се проширил во Египет во 423 г. н.е. и во Англија до крајот на шестиот век. До крајот на осмиот век славењето на Божик се проширило сè до Скандинавија. Денес, Српската, Руската и други православни цркви го слават Божик 13 дена по 25 декември, исто така во чест на Богојавлението или Трите кралеви. Се верува дека овој ден трите мудреци, конечно, го пронашле Исус во шталата.

Со прославувањето на Божик во период кога се и традиционалните прослави за време на зимската рамнодневица, црковните водачи ги зголемиле шансите популарноста на Божик да биде широко прифатена.

Scroll to Top