Совет како да изберете идеален капут

Секоја годишна доба доаѓа со своја засебна битка: во пролет се соочуваме со оној момент кога не знаеме дали е доволно топло за премин од панталони во фустан, во лето е изборот на облека која ќе ги прекрие трагите од неизбежната пот, а во есен веројатно уживањето во кафиња со вкусови и потајното посакување пад на температурите за да може конечно да ги извадите чизмите од плакарот, истовремено криејќи го фактот дека сме како и сите други.

Додека во зима, тоа е пронаоѓањето на оној идеален капут затоа што, штом еднаш ќе го најдете, има шансит тоа да не мора да го правите  барем некое време.

Екипата на „Репортер“ ќе се обиде максимално да ви ги скрати маките и еднаш засекогаш да ве насочи кон вистинскиот пат.

 

 

Барајте квалитет

Без разлика на цената, пазарот доаѓа со огромен избор, а само мал број од понудените е направен од квалитетни материјали, оние кои нема да се распаднат сред сезона. Исто така, немојте да се залажувате со зборовите „волна“ доколку  во тој капут има само мал процент. Материјалите како што се најлонот и полиестерот нема да ве грејат во текот на снежните олуји, а притоа ќе ве натераат да се потите и во просторијата да ширите мириси кои нѐ потсетуваат на сѐ освен на Божик. Од друга страна, пак, омилените продавници како Зара имаат прекрасни, но и парчиња со прифатливи цени кои нема да ве разочараат, затоа погрижете се добро да го проверите секое ќоше.

via GIPHY

Погрижете се да имате доволно простор однатре

Иако на прва се чини логично, величината на вашиот капут нема секогаш да се согласува со величината која инаку ја носите. Со други зборови, пробајте го капутот, добро проверете го кројот, добро осигурајте се дека ќе можете под него да носите неколку слоеви облека, односно оној предимензионален џемпер со огромни ракави кој толку многу го сакате.

via GIPHY

Научете да ја препознавате својата фигура

Не е секој капут за секого: особено ако сте со нешто пониска градба и тукушто сте се фрлиле око на екстремно долгиот капут во кој веројатно ќе изгледате како да лебдите. Затоа информирајте се пред да одите на шопинг. Знаењето каков точно капут одговара на вашите димензии дополнително ќе ви го олесни пронаоѓањето на оној вистинскиот.

via GIPHY

Погрижете се да има џебови

Ниту еден капут, без разлика колку е добар, евтин, топол и прекрасен, не е доволно добар доколку во него нема да знаете што и каде со рацете. Па, освен што имате навистина добри зимски ракавици кои по секоја цена сакате без престан да им ги покажувате на остатокот од светот, а работите како што се мобилниот и клучевите баш сакате да ги имате на недостижни места. Затоа барајте практичност, а не само врвен дизајн.

via GIPHY

Подредете си ги приоритетите

Идејата е вашиот нов капут да биде тренди, но и неверојатно топол. Со други зборови, НИКОГАШ немојте да го жртвувате потенцијалното за малку екстра топлина поради нешто што и онака за пола година ќе излезе од мода.

via GIPHY

Scroll to Top