Зои Кравиц се разведува по една ипол година брак

Глумицата Зои Кравиц поднесе барање за развод една ипол година откако се омажи за актерот Карл Глусман. Тие беа во врска од октомври 2016 година, а се венчаа тајно во Париз, во домот на нејзиниот татко, рок-музичарот Лени Кравиц.

 

Според магазинот „Пипл“, ѕвездата на серијата „Големи мали лаги“, барањето за развод го поднела на 23 декември во Лос Анџелес.

Летото Зои објави заедничка слика на „Инстаграм“ на првата годишнина од свадбата. Истата слика ја објави и Глусман и напиша дека е среќен што се оженил со неговата најдобра пријателка.

„Ова не е година каква што очекувавме, но ако можеме да поминеме низ ова, можеме да надминеме сè. Те сакам најмногу на цел свет“, напиша тогаш тој.

 

Scroll to Top