Во деновите после празниците бидете нежни и милозливи спрема своето тело, измачено со празнична храна.
1. Веднаш после будењето
Напиток од половина лимон, една чајна лажица куркума и пола лажичка цимет. Млака вода.
- пред спиење: 300 мл. вода со 1/3 лажичка сода бикарбона и половина лимон.
2. За брзо подигнување на организмот
- 1/2 зелени јаболки
- 1 цвекло
- 2-3 струка целер
Сите состојки ставете ги во соковник. Кога ќе биде готово, лесно сипете го во шолја, промешајте и напијте се веднаш.
3. Освежувачки ручек
Чорба/супа од моркови и ѓумбур (за четири личности):
- 900 гр. изрендани моркови
- 2 кромиди
- 5-7 шолји пилешка супа
- 3 супени лажици свеж изрендан ѓумбир
- 3 чешњиња лук
- 1 шолја кефир
- морска сол или црн бибер по вкус
- 2-3 лажици прочистен путер кој можете да го најдете во продавниците за здрава храна или да го припремите сами (поготовката можете да ја прочитате подоле во продолжение)
Подготовка:
Заедно ставете ги морковите, пилешката супа и лукот и гответе сѐ додека не се карамелизира. Сето тоа сипете го во блендер и блендирајте ги сѐ додека не добиете глатка изедначена маса. Претурете во чинија. додадете кефир и зачини по желба.
Подготовка на прочистениот путер во домашни услови:
Земете што поприроден несолен путер, ставете го во сад на силен оган и пуштете го да се истопи. Кога после десеттина минути, сосема се истопил, намалете го огнот и оставете го да се готви уште 45 минути на лесен оган. За тоа време на врвот и на дното од смесата ќе се појави нечистотијата. Она што е на врвот, остранете го. Немојте да ја мешате смесата, но постојано отстранувајте ја пената од површината. По 45 минути, оставете го прочистениот путер да се излади и потоа процедете го низ газа или низ сито во тегла.
4. За рамнотежа на хормоните
- две крставици
- прстофат босилек
- 1 брокула
- 1/4 главица зелка
- 1 шолја расад
Сите состојки заедно измешајте ги во соковник, пресипајте, лесно промешајте и напијте се веднаш.
И така сѐ до Велигден или некое ваше семејно празнување.