Тајните рецепти на Клеопатра за убава и негувана кожа

Египетската владетелка Клеопатра била позната по нејзината убавина, и целиот тим кој се грижел за нејзиниот перфектен изглед. И после две илјади години, козметичките средства не може да ги надминат природните начини на негување кои Клеопатра ги користела.

Нега на тело

Историјата ни открива дел од тајните на Клеопатра за нега на најзиното тело.

Третманот кој денес е познат како “Купката на Клеопатра”, не содржел само мед и млеко. Клеопатра ги сакала етеричните масла. Базените каде што се капела ги полнеле со топла вода и млеко, и ставале многу видови на етерични масла и ароматични цвеќиња. Се тврди дека таа користела магарешко млеко, кое и било омилено, но и други млека кои имаат голема масленост

Купката на Клеопатра од мед и млеко

Состојки:

½ шолја млеко во прав

½ шолја мед

две лажици масло од јојоба

Сите состојки се мешаат заедно. Измешаните состојки се ставаат во када полна со топла вода и потребно е во неа да се лежи минимум 20тина минути.

Крем на Клеопатра за лице и тело

Клеопатра ја негувала кожата со оваа природна крема за лице и тело. Таа содржи сè што ѝ е потребно на кожата за да стане помека, почиста, поубава и негувана, а не е воопшто тешка за правење.

Состојки:
Маслена група:

– 20 гр. пчелин восок

– 1/3 чаша кокосово масло

– 1/2 чаша маслиново масло (или сусамово, бадемово)

– 1 лажичка есенцијално масло од роза или некое масло нежно за кожата

 

Водена група:

– 100 мл. алое вера гел

– 150 мл. вода од рози (или филтрирана вода)

Восокот и кокосовото масло се топат на пареа. Смесата од стопениот восок и маслото се остава да се излади – да биде топла на допир, но не и жешка. (Внимание – восокот и маслото да не се стврднат). Во млаката смеса, се додава маслиновото масло и се меша. На крај се додаваат сенцијални масла. Веднаш се става смесата во блендер.
Во друг сад се мешаат гелот од алое вера и водата од рози и се додаваат малку по малку и тие во блендерот. Се меша додека состојите не се соединат во целост.
Кремот е составен од база на масло и вода во сооднос 50:50. Се добива 50 мл. крема за лице и тело која се чува во тегла и има долг рок на траење, до една година. Се нанесува на чиста кожа.

Scroll to Top