Детокс напивка за слабеење од 30 денари

Доколку сакате за кратко време да се ослободите од вишокот на килограми, пробајте ја оваа едноставна природна напивка, која е здрава и ефикасна во борбата против мастите.

Состојки:

● мала китка магдонос
● 1 лимон
● чаша вода 200 мл

Подготовка:

Магдоносот се сецка ситно (најдобро во блендер), се цеди сокот од лимон и сето ова се става во чаша и се прелева со вода која е претходно провриена (одприлика 150-200мл).

Напивката се пие наутро на празен желудник, 6 дена, па се прави пауза од еден ден, па се повторува постапката во следните 30 дена.

По подолго конзумирање освен што се забележува промена во килограмите, го храни телото со неопходни витамини и минерали, прави редовен детокс на организмот и ја подобрува работата на дигестивниот систем.

Магдоносот е нискокалорична намирница богата со многу витамин Ц, железо и калциум. Тој ја стимулира циркулацијата во крвта, а со додаток на лимонов сок се добива делотворен напиток кој го намалува холестеролот и ги исфрла вишокот течности од организмот.

Scroll to Top