Еден од најуспешните и највлијателни рапери, Андре Ромел Јанг, познат како Доктор Дре, е премнесен во болница откако доживеал аневризма на мозокот. 55-годишниот музичар и продуцент бил пренесен во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, пишува поралот „ТМЗ“. Доктор Дре на „Инстаграм“ објави дека е добар и дека најлошото поминало.
„Добро ми е. Добивам одлична грижа од мојот медицински тим. Наскоро ќе излезам од болницата и ќе се вратам дома. Благодарност до сите големи медицински професионалци во Седарс,“ напиша тој на Инстаграм.
Неговиот адвокат за „Билборд“ изјави дека Дре се одмара по аневризмата и дека нема потреба за паника.
Аневризма е проширување на ѕидот на артеријата, претежно на аортата и обично се појавува на слабите места на артерискиот ѕид. Притисокот на крвта во внатрешноста на артеријата предизвикува проширување на ѕидот на слабото место кон надвор. Доколку оваа состојба не се третира, аневризмата може да прсне и да резултира со внатрешно крварење.