Српскиот водител Огњен Амиџиќ по информацијата дека има симптоми на Ковид-19 е примен во болница и добро се чувствува.
„Добро се чувствувам. Примен сум во болница бидејќи лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба“, порачал водителот од болницата.
Водителот не е итно примен во болница како што се шпекулираше и по тестрањето излезе дека е негативен на коронавирусот. Станува збор за благо воспаление на белите дробови и тој добро се чувствува.
И неговата сопруга Даниела се тестирала и ги чека резултатите од тестот.