Огњен Амиџиќ нема корона, иако беше примен во болница заради воспаление на белите дробови

Српскиот водител Огњен Амиџиќ по информацијата дека има симптоми на Ковид-19 е примен во болница и добро се чувствува.

„Добро се чувствувам. Примен сум во болница бидејќи лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба“, порачал водителот од болницата.

Водителот не е итно примен во болница како што се шпекулираше и по тестрањето излезе дека е негативен на коронавирусот. Станува збор за благо воспаление на белите дробови и тој добро се чувствува.

И неговата сопруга Даниела се тестирала и ги чека резултатите од тестот.

Scroll to Top