И денес Македонија е под влијание на циклонска активност и на изразена влажна воздушна маса која ќе услови облачно време со поинтензивни врнежи од дожд. Локално ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а услови за врнежи од снег ќе има на највисоките планини во северозападните предели. Ќе дува и слаб до умерен ветер . Температури ќе се искачуваат од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд Од утре и во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на постудена воздушна маса која ќе услови намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снег се очекува и на пониските места, особено од среда во вечерните часови. Сибирскиот бран кој се приближува ќе придонесе температурите на воздухот да паднат поради понатамошно спуштање на студената воздушна маса од четврток.