Џон Дилерманд има исклучителен пенис, до толку што со него може да изведува спасувачки операции и разноразни задачи. Па дури и да краде сладолед од деца.
Ова е главниот лик на новата анимирана серија на данската национална ТВ-мрежа „ДР“, која е наменета да се прижажува за деца од четири до осум години. Дилерманд го има најдолгиот пенис на светот и со него надминува потешкотии и предизвици во својот секојдневен живот.
Серијата премиерно почна да се прикажува во саботата и „ДР“ е позната по тоа што поместува граници, особено за деца.
„Лесно можевме да направиме и серија за жена која не може да ја контролира својата вагина. Нам ни е најважно дека децата уживаат со Џон Дилерманд“, одговори „ДР“ на критиките.