(Фото) „Ти благодарам што никогаш не ме напушти“- Кејти Пери со зеднички фотки за роденденот на Орландо Блум

Пејачката Кејти Пери со неколку нивни заеднички фотографии му го честиташе роденденот на својот свршеник Орландо Блум. Со емотивна порака, Кејти изрази колку љубов чувствува кон својот сакан и таткото на нејзината ќерка Дејзи Дејв.

„Најсреќен 44-ти роденден на мојата љубов, брилијантниот татко на мојата Дејзи Дејв и светлото огледало кое ме гледа и го рефлектира она што сè уште не можам да го видам“, напиша Кејти.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

 

„Ти благодарам што ме поддржуваш и никогаш не ме напушти. Толку ми е мило што мојата месечина откри дека е сонце, те сакам, ти си целиот мој свет“, вели пејачката .

Кејти Пери и Орландо Блум станаа родители на  25 август 2020 година. Орландо стана татко по втор пат, тој има деветгодишен син Флин Кристофер Блум.

Scroll to Top