Холивудскиот актер Арми Хамер е обвинет за канибализам кога во јавноста се појавија низа пораки што наводно ѝ ги испраќал на една жена.
„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена на пораки пишува: „Морам да ја испијам твојата крв“ и „Ќе бидам многу лош со тебе“.
Актерот Арми ѝ се обраќа на жената со робинка, па ѝ вели дека сака да ѝ го отсече ножниот прст, но изразува желба и за доминација над неа. „Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш моја робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џебот, така што секогаш ќе имам дел од тебе во своја сопственост“, пишува во една од пораките.
По контроверзиите што избувнаа за наводна онлајн-преписка, актерот Арми Хамер се повлече од филмот Shotgun Wedding. Toj негира каква било поврзаност со преписката. „Не одговарам на овие глупости, но во насока на тие злобни и лажливи интернет-напади против мене, не можам сега со чиста совест да си ги оставам децата на четири месеци поради снимање филм во Доминиканската Република. Од Lionsgate ме поддржуваат во ова и јас сум им благодарен“, изјави тој.
Armie Hammer: “I’m not responding to these bullshit claims but in light of the vicious and spurious online attacks against me, I cannot in good conscience now leave my children for 4 months to shoot a film in the Dominican Republic” https://t.co/Nk3D5FLVlV
— Variety (@Variety) January 13, 2021
Наводите ги потврдија и од продукциската компанија одговорна за филмот. „Како што наближуваше датумот за почеток на снимањето на Shotgun Wedding, Арми побара да се тргне од филмот и ние го поддржуваме во неговата одлука“, соопштија од Lionsgate.
Наводните пораки од 34-годишниот актер не се верификувани, што наведе многумина да претпоставуваат дека би можеле да бидат лажни. Меѓутоа, жената што го обвинила Хамер дека ѝ испраќал пораки со сексуален канибализам тврди дека има докази оти пораките се од него, а тоа го потврдила со споделување фотографија за која наведува дека ѝ ја испратил Арми, а која прикажува тетоважа на раката слична на неговата.
Арми Хамер глумеше во низа хит-филмови, како The Social Network, Call Me By Your Name и Rebecca.
Љубовната комедија од која се откажа Хамер, Shotgun Wedding, е во претпродукција. Ќе биде режирана од Џесон Мур, сценариото е на Марк Хамер и Елизабет Мериведер, а главната женска улога ѝ припадна на Џенифер Лопез.
Multiple victims of Armie Hammer came out saying he used his fame to manipulate em to have sex, calling em “kitties” and drink their BLOOD, now WHAT IN HANNIBAL LECTER??? pic.twitter.com/LWxgZdXC4t
— tevin 💀🔪 (@tevinauguste) January 10, 2021