Арми Хамер се повлече од Shotgun Wedding кога жена го обвини за сексуален канибализам

By

Холивудскиот актер Арми Хамер е обвинет за канибализам кога во јавноста се појавија низа пораки што наводно ѝ ги испраќал на една жена.

„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена на пораки пишува: „Морам да ја испијам твојата крв“ и „Ќе бидам многу лош со тебе“.

Актерот Арми ѝ се обраќа на жената со робинка, па ѝ вели дека сака да ѝ го отсече ножниот прст, но изразува желба и за доминација над неа. „Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш моја робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џебот, така што секогаш ќе имам дел од тебе во своја сопственост“, пишува во една од пораките.

По контроверзиите што избувнаа за наводна онлајн-преписка, актерот Арми Хамер се повлече од филмот Shotgun Wedding. Toj негира каква било поврзаност со преписката. „Не одговарам на овие глупости, но во насока на тие злобни и лажливи интернет-напади против мене, не можам сега со чиста совест да си ги оставам децата на четири месеци поради снимање филм во Доминиканската Република. Од Lionsgate ме поддржуваат во ова и јас сум им благодарен“, изјави тој.


Наводите ги потврдија и од продукциската компанија одговорна за филмот. „Како што наближуваше датумот за почеток на снимањето на Shotgun Wedding, Арми побара да се тргне од филмот и ние го поддржуваме во неговата одлука“, соопштија од Lionsgate.

Наводните пораки од 34-годишниот актер не се верификувани, што наведе многумина да претпоставуваат дека би можеле да бидат лажни. Меѓутоа, жената што го обвинила Хамер дека ѝ испраќал пораки со сексуален канибализам тврди дека има докази оти пораките се од него, а тоа го потврдила со споделување фотографија за која наведува дека ѝ ја испратил Арми, а која прикажува тетоважа на раката слична на неговата.

Арми Хамер глумеше во низа хит-филмови, како The Social Network, Call Me By Your Name и Rebecca.

Љубовната комедија од која се откажа Хамер, Shotgun Wedding, е во претпродукција. Ќе биде режирана од Џесон Мур, сценариото е на Марк Хамер и Елизабет Мериведер, а главната женска улога ѝ припадна на Џенифер Лопез.

   

 

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Fire Force (Dub) Episode 23 (https://funimationfree.com/m/4Bqd/ep-23) at website https://funimationfree.com funimation and crunchyroll

Watch The Day I Became a God Episode 3 (https://animeplanet.cc/m/yEZE/ep-3) at website https://animeplanet.cc anime planet anime