Најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, испрати писмо до организаторот на турнирот, во кој побара еднакви усови за сите учесници.
Ѓоковиќ заедно со 47 тенисери и тенисерки, со чартер летови стигнаа во Мелбурн, за да настапат на турнирот. Откако беа откриени неколку случаи на заразени со коронавирус, со одлука на организаторите, сите биле ставени во строг двонеделен карантин, без услови за тренинг.
Српскиот тенисер бил лидер на бунрот, на тенисерите на Австралија Опен. Тој испратил листа со барања до организаторот.
Ѓоковиќ од Тајли побарал скратување на бројот на денови во карантин за 47 ученици на турнирот, преку поголем број тестови што ќе потврдат дека не се заразени, поставување опрема за
кондициски тренинг во хотелските соби, дозвола играчите да посетуваат тениски или тренер за фитнес, доколку имаат негативен тест, како и трансфер на играчи во приватни куќи, опремени со тениски терени.
Ѓоковиќ со својот стручен тим во моментов се наоѓа во карантин во Аделаида. Австралија Опен треба да стартува на 8. февруари.