Славниот холивудски актер и оскаровец, 57-годишниот Бред Пит, со фотографија на „Инстаграм“ објави дека на пазарот лансирал скапоцено вино со свој потпис.
Станува збор за Miraval Roseu 2020 vintage, кое треба да се појави на пазарот на почетокот на февруари, а по тој повод глумецот ја објави и првата кампања, чие заштитно лице е токму тој.
Бред на „Инстаграм“ објави фотографија од снимањето на едиторијалот за машкиот магазин CQ од 2019 година кога се најде на нивната насловна страница. Ова е добар потег, сметаат експертите, затоа што на тој начин луѓето во целиот свет ќе го поврзат новото вино со неговиот лик.
Пакетот од шет шишиња вино чини 157 евра, а во описот стои дека тоа е одраз на величествениот дворец во Франција што Бред го купи додека беше во брак со Анџелина Џоли. Станува збор за вино што се произведува токму тука.