Пилинг од кокосово масло за мазна и мека кожа

Кокосовото масло има повеќекратна примена во кујната, но познато е и по своите лековити својства.

Oсобено ефикасно е во грижата за ноктите и кутикулите, a често користено е и за нега на стапалата, бидејќи ја омекнува грубата кожа и ја прави мека и мазна. Кога станува збор за здравјето на косата, ова масло е добар сојузник во борбата против сувите врвови.

Кокосово масло се користи за изработка и на домашен пилинг за лице и тело, што ја одржува кожата нахранета и мазна.

Состојки:

  • кокосово масло
  • сода

Се меша во мала чинија еднаква количина сода бикарбона и кокосово масло. Во зависност од тоа дали пилингот е за лице или тело, количината на материјалот е различна. Една лажичка сода бикарбона и една лажичка кокосово масло се доволни за пилинг на лице. Во просек половина чаша сода и половина чаша кокосово масло се доволни за пилинг на тело.

Откако ќе се промеша добро, чинијата се става во микробранова печка 15-тина секунди, или на шпорет 1/2 минути, за кокосовото масло да се стопи и да се искомбинира со содата. Добиената мазна смеса се остава да се излади кратко, а потоа и во фрижидер за да се зацврсти.

Со масажа, со кружни движења, се нанесува на лицето или телото и се остава да делува околу 15 минути. На крај се плакне темелно со топла вода. Пилингов може да се користи најмногу двапати неделно.

Scroll to Top