Жељко Митровиќ за првпат во историјата го прелета Белград со својот градски летачки автомобил

Основачот и сопственик на „Пинк Медиа Груп“, Жељко Митровиќ за првпат во историјата го прелета Белград со својот градски летачки автомобил.

Тој уште во средината на мај најави дека ќе направи летечки автомобил, со кој ќе го прелета градот. Првата flying car, летало за една личност, е произведена во неговата фабрика за дронови.

„Намерно ќе ги потенцирам датумот и времето кога полетав, затоа што верувам дека овој ден ќе влезе во историјата на српското, но и европското воздухопловство“, изјавил Митровиќ пред првото полетување.

PRDC на чело со Жељко Митровиќ и група на инженери од Машинскиот факултет во Белград, успеа да го направи првиот летечки автомобил , електрично летало за индивидуално и приватно користење за сите оние на кои им здосадија гужвите во сообраќајот, или имаат авантуристички дух, или пак сакаат да бидат меѓу првите кои ќе ја допрат иднината.

На основа на самиот проект, Митровиќ веќе добил понуда за продажба на три летала во Дубаи, две во Германија и една во Франција. Тој вели дека нема сомнение дека овој проект ќе биде успешен и дека на големо се подготвува индустриско линиско производство.

Првите 100 летала ќе бидат произведени до крајот на годината.

„Ова летало ќе биде подготвено за индустриско производство за помалку од месец дена“, нагласил Митровиќ.

Безбедносното полетување и што е уште поважно, безбедното слетување на Митровиќ со првиот летечки автомобил, беше најдобар одговор за сите скептици, кога е во прашање оваа тема.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Mitrovic (@zeljkomitrovic)

Scroll to Top