Направите 10.000 чекори дневно без да излезете од дома

Потребни се околу три минути за да се направат 250 чекори, а д-р Тим Харисон сподели неколку совети што доколку секој ги практикува, ќе може да направи 10.000 чекори на ден без да го напушти својот дом.

Истражувањата покажаа дека просечен Британец поминува девет и пол часа на ден во седечка положба, а луѓето во другите европски земји имаат слични навики.

Лекарите постојано предупредуваат дека не треба да се потценува влијанието на седечкиот начин на живот врз физичкото и ментално здравје. Освен што предизвикува тегоби, недоволното движење, предизвикува и проблеми со мускулите и коските, а во последниве години сè повеќе луѓе се жалат на болка во вратот, грбот и рамената, предизвикана од многу седење.

 

Одете нагоре-надолу по скали 42 пати

Просечните скалила се поминуваат во 12 чекори, па ако одите 80 чекори во минута, лесно можете да направите 1.000 чекори за само 15 минути – со одење по скалите нагоре-надолу 42 пати.

Направете 500 чекори пред секој оброк

Пред да седнете да јадете направете 500 чекори низ куќата или околу градината, советува Харисон. Ќе ви одземе околу пет минути, во зависност од тоа колку сте брзи.

Направете 250 чекори на секој работен час

За околу три минути можат да се направат 250 чекори, а Харисон препорачува поставување  аларм за да ве предупредува на секои 60 минути дека е време за вежбање. „На тој начин ќе им помогнете на кардиоваскуларниот систем и на очите“, вели докторот. Тој се водеше од фактот дека правиме во просек 80 чекори во минута.

Направете 15-минутна пауза за одење и разговор (1.200 чекори)

Да одморите од работа, прошетајте во градината или ходникот со некој од членовите на семејството. Тоа ќе го подобри расположението и намали стресот, а 15-минутната прошетка може да ви помогне да го разбистрите и умот.

 

 

Прошетка додека слушате поткаст

Просечното времетраење на поткастот е 37 минути, вели Харис, и советува да го поминете тоа време пешачејќи умерено брзо (околу 80 чекори во минута).

Ако не сте љубител на поткасти, тој советува да вклучите радиоемисија или ТВ и да чекорите, во место, во дневната соба.

Ако го правите ова секој ден пред работа, ќе имате многу повеќе енергија во текот на денот, додава тој.

Работете низ дома (околу 400 чекори)

Со само пет минути чистење со правосмукалка, бришење прашина или чистење прозорци, одите најмалку 400 чекори, вели д-р Харисон, ​​што е причина повеќе да не ги одложувате домашните обврски.

Scroll to Top