Пронајдовме начин да изгледате помлади, без да одите кај пластичен хирург.
Шминката може да биде најдобар сојузник или најголем непријател, сѐ во зависност како ја користиме. Професионалните шминкери откриваат мали трикови, кои на секоја жена може да ѝ помогнат да изгледаат значително помлади, и тоа за речиси десет минути.
После 40. година, секоја жена треба да ги следи овие правила:
1. Пудра со светкави честички
Жените во позрелите години строго мора да избегнуваат тешки пудри затоа што ќе направат лицето да им изгледа безживотно и уморно. Пудрите со густа текстура се вовлекуваат во ситните брчки, па наместо да ги скријат трагите на стареење, тие го прават сосема спротивното. Најдобар начин за зрелата кожа се пудрите со светкави честички, со средна моќ на покривање.
2. Користете неутрални сенки
Време е да заборавите на јаките нијанси, како сината, зелената или бордото. Боите, како кремот, светлорозовата или бојата на слоновата коска, ќе ги отворат очите и ќе ги покријат сите траги на стареење.
Исто така, мрсните сенки се апсолутно забранети. Наместо нив, избирајте ги оние со свилести текстури.
3. Кармин во природна боја на усните
Најдобар избор се кармините во природни тонови, кои ќе ги истакнат усните на вистински начин, а воедно ќе му дадат свежина на лицето.
4. Внимателно со руменилото
Секогаш избирајте ги оние во розови тонови. Единствено така ќе изгледате свежо и младо.
5. Хајлајтерот е вашиот најдобар сојузник
Само малку хајлајтер доколку нанесете над јаболчниците за миг ќе изгледате значително помлади.