(Фото) „Нашата приказна продолжува“ – Соња и Јохан слават 16 години брак

Фолк-пејачката Соња Тарчуловска и сопругот Јохан прославија 16 години во брак. Дека им е годишница, Јохан откри на социјалните мрежи и објави неколку фотографии. Од нивната свадба, фотографии со трите деца, до оние направени на патувања и на концерти на кои биле заедно. Со фотографиите ѝ напиша и љубовна порака на Соња.

„16 години и во добро и во лошо, и во радост и во тага, но само заедно еден до друг. Нашата приказна продолжува“, напиша Јохан, а од пријателите доби многу честитки и желби да останат заедно засекогаш.

Соња и Јохан изминативе години постојано се во центарот на вниманието на јавноста. Се пишуваше за времето кога Јохан беше во затворот во Хаг, за несреќниот случај кога Соња падна од тераса, а неодамна вниманието го привлече и нивната ќерка Мелани, која го освои второто место на натпреварот „Гласот на Малта“. Освен Мелани, Соња и Јохан ги имаат и синот Младен и ќерката Јоана.

16 год и во добро и во лошо и во радост и во тага, но само заедно еден до друг.
Нашата приказна продолжува….❤

Posted by Johan Tarculovski on Monday, February 1, 2021

Scroll to Top