Парис Хилтон оди на вештачко оплодување, сака да роди близнаци

Наследничката на хотелите „Хилтон“, Парис Хилтон, сака да стане мајка и да роди близнаци. Таа веќе била на ин-витро оплодување со својот свршеник Картер Раум и наскоро чека резултати дали процедурата била успешна. Сето ова Парис го откри во интервју во шоуто The Trend Reporter With Mara.

„Навистина сум возбудена што продолжувам со следниот чекор од мојот живот и што конечно живеам вистински живот. Навистина верувам дека да се има семејство и да се имаат деца е смислата на животот. Јас сè уште не сум го доживеала тоа, затоа што не чувствував дека некој ја заслужува таа моја љубов. Но сега конечно го најдов вистинскиот човек“, рекла Парис. Таа и Реум, се пријатели од детството, а пред повеќе од една година почнаа љубовна врска.

Парис, во својот документарец на Јутјуб, „Ова е Парис“ откри дека пред неколку години замрзнала јајцеклетки оти не сакала да ја пропушти можноста да има деца, дури и да не се омажи.

„Се надевам дека ќе родам близнаци. Имам скоро 40 години и сега е време да родам две деца одеднаш“, додала таа.

 

Scroll to Top