Пилингот за лице игра важна улога во изгледот на кожата бидејќи ги отстранува сите нечистотии правејќи ја кожата здрава, еластична и младешка. Издвоивме два рецепта за жени што имаат проблем со сува кожа.
Пилинг со кафе
Талогот од кафе е многу ефикасен на сува кожа. Ова е наједноставниот домашен пилинг за лице за сува кожа. Може да се користи мелено кафе, а уште попрактична опција е да се искористат остатоците од талогот од утринското кафе.
Подготовка: Добро се меша една лажица кафе со една лажица вода. Смесата се нанесува на лицето со кружни движења. Се остава да остои до 5 минути и потоа се плакне со млака вода. Ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја прави чиста и свежа.
Пилинг со кокосово масло и лимон
Пилинг на база на масло одговара на сува кожа, а лимонот ќе ја направи екстра мека.
Подготовка: Треба да се додадат 2 лажички шеќер на половина чаша кокосово масло и сè добро да се измеша. Потоа се додава 1 лажица сок од лимон во оваа мешавина. Пред да се нанесе се мие лицето и се трие со подготвената смеса. На крајот се плакне со млака вода.