(Видео) По 43 години, Џон Траволта и ќерка му го играа познатиот танц од „Брилијантин“

Холивудскиот глумец Џон Траволта (66) и неговата ќерка Ела, по 43 години, се рекреираа со легендарниот танц од „Брилијантин“. Претходно, Траволта играше со Оливија Њутн Џон во мјузиклот од 1978 година, а сега со ќерка си сними реклама по теркот на популарниот мјузикл. Рекламата ќе се прикаже овој викенд на Супер боул, заедно со уште неколку реклами што се снимени специјално за најгледаниот спортски настан во САД.

На полувремето на годинешниот Супер боул ќе настапи Викнд со 30-минутно шоу.

Scroll to Top