Пролетни трендови за стилизирани коси

Иако сме негде на половина зема, сепак ова е идеално време да се подготвите за трендови кои ги носат првите топли денови.

Од промена во поглед на гардеробата преку мејк-апот, па сè до стилизирање на фризурите, нови трендови ни доаѓаат и ни служат како совршена прилика да испробате некои нов и одважен стил.

Доколку сте меѓу сите оние кои не трпение чекаат да се поздрават со своите расцветани краеви или израсток на темето, нашата денешна тема би можела да ве интересира.

MODEREN MULLET

Мајли Сајрус е предвестие на еден од најголемите трендови кога е во прашање стилизирањето на коса оваа пролет. Пократките слоеви од напред, а подолгите назад – е суштината на оваа необично атрактивна фризура. Освен неа, на оваа фризура ѝ се предадоа и бројни други славни личности меѓу кои и Ријана.

SHAG

Уште еден облик на фризура инспириран од ретро стил. Верзиите на shag (таканаречена разбушавена коса) доаѓаа и заминуваа низ историјата, но со враќањето на curtain bangs (шишки во облик на завеса), оваа фризура добива сосема поинаква димензија. Џеј Ло е една од првите дами кои ја имаа оваа фризура.

CURLY BANGS

Оваа пролет ни се враќа кадравата коса со шишки. Во стилот на 70-тите, дозволете им на своите локни да се лизгаат долж вашето лице и да ја покажат својата убавина. Не обидувајте се да ги исправите, туку да им дозволите слободно да паѓаат.

LOW MAINTENANCE

Фризурите кои не бараат специјално одржување и благодарение на кои сте секогаш спремни за повиците на ZOOM, ќе го продолжат своето владеење и оваа пролет. Благодарение на нискиот степен на одржување, тие се совршени за личностите кои работат од дома и немаат потреба за некој гламурозни и шик фризури.

Scroll to Top