Американскиот глумец Кристофер Пламер почина на 91 година, во неговиот дом во Конектикат. Глумецот починал од природна смрт во присуство на семејството.
„Крис беше исклучителен човек кој длабоко ја сакаше и почитуваше професијата, со манири на стар џентлен, секогаш расположен за добра шега и средби со актерите. Тој беше национално богатство, човек кој ги ценеше неговите канадски корени, иако живееше и работеше во Америка. Засекогаш ќе остане со нас“, стои во изјавата на неговиот долгогодишен пријател о менаџер, Лу Пит.
Своето деби на Бродвеј го имаше во 1950те, а глумеше и во мјузиклот „Звукот на музиката“. Популарниот актер се појави и во филмовите „Прекрасен ум“, Девојката со тетоважа на змеј“, „Малком Икс“, „Падот на Римската империја“, „Национално богатство“, „Ѕвездени патеки“ и други.
Пламер три пати беше номиниран за Оскар, а наградата ја освои 2012 година за улогата во филмот „Почетници“. Тој освои и неколку награди Еми, Тони и Златен Глобус.