Познатата инфуенерска Тесика Браун објави видео на кое објасни дека се покајала затоа што место лак за коса употребила суперлепак.
Таа сакала да има убав изглед и цврста коса, но откако останала без лак за коса го искористила суперлепакот. И по месец дена и многу миење на косата, таа сè уште не можела да го отстрани лепакот од нејзината коса.
„За сите кои ме познавате, знаете дека мојата коса е ваква веќе месец дена. Не планирав да ми се случи ова“, изјавила таа во видеото кое го објавила на социјалните мрежи.
Таа објасни дека кога била при крај со средувањето на фризурата, сакала да ја испрска со силен лак за коса. Кога сфатила дека го потрошила лакот, употребила лепак.
„Многу лоша идеја. Мојата коса сега не се поместува“, се пожалила таа во видеото.
Таа се покајала што место лак за коса користела суперлепак, а фановите се шегувале во коментарите велејќи им дека сега си направила шлем и заштита за главата. Некои од нив ѝ дале совети како да го отстрани лепакот од косата, за што Тесика им се заблагодарила.