(Видео) Инфлуенсерка место лак за коса користела суперлепак, па истата фризура останала да ѝ стои цел месец

Познатата инфуенерска Тесика Браун објави видео на кое објасни дека се покајала затоа што место лак за коса употребила суперлепак.

Таа сакала да има убав изглед и цврста коса, но откако останала без лак за коса го искористила суперлепакот. И по месец дена и многу миење на косата, таа сè уште не можела да го отстрани лепакот од нејзината коса.

@im_d_olladyStiff where????? Ma hair 🤬🤬♬ original sound – Tessica Brown

„За сите кои ме познавате, знаете дека мојата коса е ваква веќе месец дена. Не планирав да ми се случи ова“, изјавила таа во видеото кое го објавила на социјалните мрежи.

Таа објасни дека кога била при крај со средувањето на фризурата,  сакала да ја испрска со силен лак за коса.  Кога сфатила дека го потрошила лакот, употребила лепак.

@im_d_olladyIt don’t move I hate it here♬ original sound – Tessica Brown

„Многу лоша идеја. Мојата коса сега не се поместува“, се пожалила таа во видеото.

Таа се покајала што место лак за коса користела суперлепак, а фановите се шегувале во коментарите велејќи им дека сега си направила шлем и заштита за главата. Некои од нив ѝ дале совети како да го отстрани лепакот од косата, за што Тесика им се заблагодарила.

Scroll to Top