Азиската култура е позната по честото користење ориз. Ова жино растение кај нив се смета за симбол на жената и плодноста.
Но, придобивките од оризот не се само од нутритивна природа. Азиските жени долго го користат и за нега на косата, односно за да го поттикнат нејзиното растење, сјај и здравје.
Станува збор за метод на измивање на косата со вода во која претходно стоел ориз.
Оризовата вода е преполна со антиоксиданси, минерали, витамини Б и Е, како и аминокиселини, кои заедно се одлична комбинација за здравје, убавина и квалитет на косата.
Азијките тврдат дека оризовата вода ги има следниве дејства врз косата:
- Ја зголемува еластичноста и го спречува кршењето на влакната
- Го подобрува сјајот
- Помага за полесно расчешлување
- Влијае врз побрз раст
- Ги зајакнува влакната
Многу жени го испробале овој метод и ги споделиле своите искуства по првото користење.
Процесот на измивање на косата со оризова вода е сличен на користењето која било друга маска за коса, но потребно е помалку време.
View this post on Instagram