Кристијано Роналдо донира пари за лекување дете болно од рак

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, и неговата свршеница Георгина Родригез донираа голема сума пари за лекување на седумгодишниот Томаш од Португалија, кој има редок рак невробластома.

Ракот на Томаш му бил дијагоностициран во септември 2019 година по што напаѓачот на Јувентус и неговата партнерка донирале пари, но и му помогнале да отиде на лекување во клиника во Барселона. Приказната за донацијата и за болеста на детето ја откри сестрата на Георгина, Ивана, но не кажа колкава била донацијата на Роналдо.

„Томаш е на пат за Барселона за да почне со третман за ракот во болницата ‘Вал д’Хеброн. Благодарам Георгина и Кристијано за помошта, солидарноста и за големото срце“, напиша таа.

Не е првпат Роналдо да донира средства за лекување деца на кои им треба помош, а тој често им помага и на сиромашните со донации од пари или храна.

Scroll to Top