„Речиси дваесет години ја криев вистината и измислував изговори за одредени настани поради кои бев трауматизирана, сè до денешен ден“, изјавила Харизма, која објаснила дека бројните инциденти кои се случиле за време на снимањето предизвикале кај неа хронични проблеми. .
Харизма доби поддршка од нејзината колека, која беше и главна ѕвезда во серијата, Сара Мишел Гелар.
„Иако сум горда што моето име се врзува со серијата, не сакам да бидам поврзана со името на Џос Ведон. Ги поддржува сите жртви на злоупотреба и горда сум што тие одлучија да проговорат“, напишала Сара на „Инстаграм“.