Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит и Роуз Харингтон, станаа родители. Веста ја пренесоа светските медиуми кога папараците успеаја да ги снимат во првата прошетка со својот син.
Извор близок до двојката за „Ел вести“ потврдил дека Роуз родила син и дека двајцата се пресреќни. За потсетување, Кит и Роуз се запознаа на снимањето на серијата „Игра на тронови“, а врската официјално ја почнаа во 2012 година.
Пет години подоцна се венчаа, а сега добија син, чие име засега не го откриваат. Како што пренесуваат извори блиски до нив, двајцата решиле во иднина да не откриваат премногу детали од приватниот живот.