Почина радиоводителот Раш Лимбо

Познатиот американски водител Раш Лимбо почина вчера на седумдесетгодишна возраст. Како што пренесуваат тамошните медиуми, Лимбо ја изгубил тешката битка со ракот на белите дробови. Тој починал во Палм Бич на Флорира.

Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга во нејзината радиоемисија.

„Како што многумина од вас знаат, губењето на саканата личност е ужасно тешко, а уште повеќе кога таа или тој е поголем од животот“, изјавила таа.

Лимбо беше познат како конзервативна медиумска икона и крал на радиото. Според Си-ен-ен, неговата радиоемисија „на многу начини беше како голема експлозија на конзервативниот медиумски универзум“ и помогнала да се популаризира политичкиот радиоформат.

Scroll to Top