„Татко ми ме отфрли затоа што бев хомосексуалец“, братот на Мел Гибсон проговори за тешкото минато

Помладиот брат на славниот холивудски глумец Мел Гибсон, Ендру, проговори за неговото тешко минато и проблемите кои ги имал во семејството. Тој вели дека нивниот татко се срамел да го нарече син, затоа што тој се декларирал како хомосексуалец.

Ендру се иселил од семејниот дом на 16. години. И тој некогаш се занимавал со глума, но никогаш не успеал како неговиот брат. Мел во тој период веќе бил голема холивудска ѕвезда.

Ендру Гибсон во интервју за австралиските медиуми, проговори за своето растење, односот кој го имал со Мел, како и за подоцнежните проблеми со законот. Тој вели дека нивниот заеднички татко Хутон го отфрлил од неговиот живот, поради неговата хомосексуалност.

„За нашиот татко јас бев трагичен лик. За него, како конзервативен христијанин, мојата сексуалност претставуваше преголем проблем. Не можеше да ме прифати таков каков што сум. Ме исфрли од семејството и ме окарактеризираше како криминалец. Од друга страна, Мел никогаш немаше такви ставови, иако луѓето му говореа сè и сешто“, изјавил Ендру за News.com.au.

Тој сега вели дека повремено се слуша со Мел и дека глумецот секогаш му давал поддршка.

„Мел сега живее во Лос Анџелес, а јас во Сиднеј. Живеам скромно, но не очекувам никаква помош од него“, изјавил Ендру, кој до ден денес има проблеми со законот.

Поради возење во пијана состојба, тој сега би можел да се соочи и со затворска казна.

Извор/24sata.hr

Scroll to Top