Доколку сте во потрага по промена на фризурата, стилистите имаат одлични предлози! Секако, ги бираме оние кои бои се доволно ефектни за сите да се вртат по нив. Тие се на врвот на трендовите, па со нив никако нема да можете да погрешите.
Лешник браон
Сјајна работа кај оваа боја е во тоа што постојат повеќе начини да се добие идеалната нијанса. Можете да изберете еднобојна, но можете и да додадете повеќе димензии на лешник.
Оваа боја нуди можност да ја промените природната нијанса, без да минувате низ целиот процес на промени. Може да направите само неколку перчиња или да го обоите само коренот. Вие бирате дали сакате потемни или посветли нијанси.
Прамени кои ја следат линијата на вашето лице (The money piece)
Овие храбри прамени станаа доста популарни, но сега доаѓаат во разни бои. Повеќе не се резервирани само за русокосите. На пример, Бела Хадид ги обои своите прамени пола портокалови, пола црвени.
Овие прамени носат голема промена и благодарение на нив, не мораме целата коса да ја обоиме. На тој начин и ја заштитуваме косата од оштетување.
Сенчење на коренот
Сенчењето на коренот стана доста популарно затоа што во текот на пандемијата жените не можеа често да одат во фризерски салон. Тоа доведе до тоа фризурите да бидат благо неизедначени. Коренот останува темен, а остатокот на косата е посветол.
Фризурата изгледа како да сте задоцниле неколку месеци кај стилист, а во тоа е и трикот! Помека е од омбре стилот и лесно се комбинира со многу бои.
Црвени нијанси
Црвената боја повторно се враќа на големата врата. Моментално е најпопуларна топлата бакарна боја. Црвените нијанси одлично им прилегаат на жените и со потемен и посветол тен. Спектакуларно изгледаат и нијансите кои потсетуваат на јагода.
Црвената е малку покомплицирана за одржување, затоа што таа мора да одржи интензитет, па ако се одлучите за неа, треба да одите редовно на фризер. Ако сте доволно смели, изберете темно виолетова, таа е вистински погодок!
Шарени прамени
Прамените повеќе не се прават во една боја и ако ги имате, овој тренд ќе го обожавате. Во зависност од нијансата која сакате да ја постигнете, бирајте потемни или посветли прамени. Овие прамени фантастично им стојат и на дамите со кркми.