Мали модни совети за дами кои сакаат визуелно да изгледаат повисоки.
1. Кроп топ
Модните експерти тврдат дека ниските дами ќе изгледаат одлично во горен дел со должина до половината. Овој пресек ја балансира врската помеѓу нозете и горниот дел од телото и прави да изгледаме повисоки. Кроп топовите не значат дека мора да се покаже стомакот, но тие убаво се комбинираат со панталони со високa половина или длабоко здолниште.
2. Ремен околу половината
Ременот е одличен детал кога станува збор за предимензионални јакни, а кога ќе се додаде како аксесоар околу половината, го привлекува вниманието кон најтесниот дел од телото и ја истакнува линијата.
3. Вертикални линии
Долгите вертикални ленти прават да изгледаме повисоки. На панталони, костуми, маици, јакни – ефектот е одличен.
4. Панталони до глуждовите
Модните експерти честопати им препорачуваат панталони до глуждот на ниски жени. Тие визуелно додаваат уште неколку сантиметри.
5. Комбинезони
Во пролет и лето, сакаме да носиме комбинезони, кои покрај тоа што се пријатни, лесно се комбинираат, особено со чевли со високи потпетици, но и со патики…Тие исто така ја издолжуваат линијата, покрај тоа комбинезоните ќе бидат хит во пролеттната и летната сезона годинава.