Во една од студиите објавена во списанието „Лансет“ пишува дека на повеќе од 20 % од луѓето што прележале коронавирус им паѓа косата. Покрај заморот, губењето на мирисот и болките во градите, научниците сметаат дека еден од симптомите на Ковид-19 е и опаѓањето на косата.
Во студијата е наведено дека 359 лица од 1.655 хоспитализирани во Вухан се соочиле со паѓање на косата шест месеци по лекувањето. За ревматолозите ова е нормален психолошки одговор на стресот и дека станува збор за привремено паѓање на косата.
Сепак, тие не ја исклучуваат можноста коронавирусот да предизвика и алопеција, односно трајно губење на косата.
„Целта на студијата е да се утврдат долготрајните последици врз луѓето што прележале Ковид-19“, е наведено во студијата на Кинеската академија на медицинските науки.