Мистериите на езерото на скелетите: се наоѓа високо на Хималаите, а во него се умирало повеќе од 1000 години, велат антрополозите

Високо на индиските Хималаи, се наоѓа езеро кое е вгнездено во снежната долина и во кое може да се забележат скелети на стотина луѓе. Езерото Рупканд се наоѓа на 5029 метри надморска височина, на дното на стрмната падина на Трисула, една од највисоките планини во Индија.

Оваа планина се наоѓа во државата Утараканд. Остатоците од скелетите можат да се забележат на сите страни, а некои од нив се наоѓаат и под ледот на езерото. Ова езеро го открил патролен британски чувар на шуми во 1942 година.

Повеќе од половина век, антрополозите и научниците ги проучуваат неговите остатоци. Езерото веќе со години е привлечно за радознали научници и посетители. Во зависност од сезоната и времето, езерото, кое во поголемиот дел од годината е заледено, се шири и се намалува.

Дури откако ќе се стопи, можат да се видат скелетите на луѓето. Понекогаш на нив може да се види и прицврстено месото. Се забележува дека се и добро сочувани. До ден денес, пронајдени се остатоци од скелети на околу 600 до 800 луѓе.

Локалната влада, сакајќи да го промовира како туристичко место, го опишува ова место како „мистериозното езеро“. За повеќе од половина век, антрополозите и научниците ги проучуваат остатоците и покренуваат бројни прашања.

Кои се тие луѓе? Кога умреле? Како умреле? Од каде доаѓаат?

Една од постарите теории ги поврзува остатоците со индиски крал, неговата сопруга и нивните помошници, кои настрадале во снежна бура пред 870 години.

Друга сугерира дека некои од посмртните остатоци се на индиски војници, кои се обиделе да го нападнат Тибет во 1841 година, но биле поразени. Тогаш повеќе од 70 биле приморани да пронајдат пат преку Хималаите и на тој пат умреле.

Уште една претпоставка е дека ова би можело да биде гробиште на кое биле погребувани жртвите од епидемиите. Во селата и околината, постои популарна народна песна, која говори за тоа како божицата Нанда Деви, создала бура со град, со цврстина на железо, кое ги убивала луѓето кои ќе се движеле покрај езерото. Другата највисока планина во Индија, Нанда Деви, е почитувана како божица.

Генерално се претпоставувало и дека дел од костурите се на една група луѓе кои умреле во еден катастрофален инцидент во текот на 9. век. Најновата петгодишна студија, во која учествувале 28 коавтори од 16 институции со седиште во Индија, САД и Германија, открила дека овие претпостаки можеби и не се точни.

Научниците генетски анализирале остатоци од 38 тела, вклучувајќи 15 жени, кои биле пронајдени на езерото. Некои од нив датираат околу 1200 години.

Откриле дека мртвите се генетски разновидни и дека нивната смрт временски е одовоена за околу 1000 години.

„Тоа го поништува секое објаснување кое вклучува еден катастрофален настан кој довел до нивната смрт. Сè уште не е јасно што се случило на езерото Рупканд, но засега можеме да бидеме сигурни дека смртта на овие поединци не може да се објасни со еден настан“, вели Еадаоин Харни, водечкиот автор на студијата и докторант на Универзитетот Харвард.

Но, што е уште поинтересно, генетичката студија открила дека мртвите разновидни луѓе, една од групите, била слична со денешните луѓе кои живеат во Јужна Азија, додека другата, со луѓе кои живеат во денешна Европа, особено на оние кои живеат на грчкиот остров Крит.

Исто така, луѓето кои дошле од Јужна Азија, изгледа како да не се од иста популација.

„Некои од нив имаат потекло на луѓе кои биле често во групи од северот на потконтинентот, додека другите имаат потекло од луѓе од јужни групи“, вели Харни.

Дали овие разновидни групи на луѓе патувале до езерото во помали серии за време на период од неколку стотини години? Дали некои од нив умреле за време на еден настан?

На тој локалитет не е пронајдено оружје или оружје или некаква трговска роба. Генетските студии не пронашле докази за пристуство на било каков древен бактериски патоген, кој би можел да предизвика болест, која би била објаснение за причините за нивната смрт.

Аџилакот кој минувал покрај езерото, би можел да објасни зошто луѓето патувале на тоа подрачје. Студиите откриваат дека веродостојните извештаи за поколениијата на тоа подрачје се појавуваат на крајот на 19. век, но натписите во локалните храмови датираат меѓу 8 и 10 век.

Ова укажува на потенцијално порано потекло. Научниците веруваат дека смртта на некои од тие групи била предизвикана од аџилатски настани. Но, многумина се прашуваат како луѓето од источното Средоземје, стигнале на зафрленото езеро во највиските планини во Индија.

„Изгледа малку веројатно дека луќето од Европа патувале сè до езерото Рупканд, за да учествуваат во хиндуистичкито аџилак. Или тоа била генетска изолирана популација од далечно источно медитеранско потекло, која живеела во тој регион со многу генерации. Сè уште ги бараме одговорите“, вели госпоѓата Харни.

 Извор/BBC
Scroll to Top