(Фото) Бредли Купер и Ирина Шајк се повторно заедно

По речиси две години откако се разведоа, супермоделот Ирина Шајк (35) и холивудскиот актер Бредли Купер (46) повторно се заедно, шпекулираат американските таблоиди. Папараците повторно ги снимиле за време на една нивна заедничка средба во Њујорк.

Двојката се разведе во јуни 2019 година, по четири години брак. Уште тогаш се договорија дека ќе останат блиски, поради нивната ќерка Лео де Сена. Проблемите за Ирина и Бредли започнаа кога глумецот го снимаше филмот „Ѕвездата е родена“, со Лејди Гага.

Тогаш се шпекулраше дека Бредли ја изнверил Ирина со Гага, нешто на што моделот не остана рамнодушна. Но, пријатели блиски до двајцата велат дека проблемите се зад нив и дека двојката е поблиска од кога било претходно.

Купер често може да се види во нејзиниот стан, а чести се и нивните заеднички прошетки со малата Лео. Извор близок до поранешната двојка неодамна изјавил дека многу се почитуваат и дека и двајцата водат голема грижа за нивната ќерка.

 

Scroll to Top