Реалната ѕвезда и манекенка Кендал Џенер ја сподели тајната на добриот изглед објавувајќи кусо видео од својата дневна утринска рутина на вежбање. Кендал високо котира на листата на најплатените модели во светот не само поради популарноста туку и поради совршениот физички изглед.
Во видеото манекенката открива дел од рутината на вежбање што секое утро ја практикува. Трае само 11 минути, а се состои од нејзините омилени вежби благодарение на кои го зацврстува телото и ја одржува витата линија.