Американската ѕвезда Ким Карадашијан, не планира да се исели од вилата вредна 60 милиони долари, по разводот со нејзиниот сопруг, раперот Кание Вест. Таа со децата планира да остане во својот дом во „Хајден Хилс“, ткрива неименуван извор за магазинот People.
Кание пак ќе се исели на неговиот ранч во Вајоминг и нема никаков проблем, Ким и децата да останат во семејната куќа, дополнил изворот.
„Двајцата се согласуваат и сакаат да ги поштедат децата од сите работи кои им се случуваат во моментот. Тие не сакаат да ги изложуваат на непотребен стрес. Кание ги сака децата и сака тие да бидат среќни. Не сака да се расправа со Ким за такви работи“, објаснил тој.
За потсетување, поранешната двојка ја купи куќата во 2014 година, за 20 милиони долари. Во меѓувреме тие го преуредија домот, со познат белгиски архитект и сега просторот изгледа како црквена архитектура со минимален намештај.
Семејството се всели во него во 2017б година, а Крис Џенер, сестрата на Ким, објави дека таа куќа вреди 60 милиони долари.