Алергиите можат да бидат пропратени со течење или затнат нос, гребење во грлото и кашлица предизвикана од постназално капење, кои би можело да потсеќа на кашлица предизвикана од коронавирус.
Сега секој симптом ги потсетува луѓето на Ковид -19, без разлика дали станува збор за кашлица или течење на носот, но не е така.
Еве како се разликува сезонска алергија од коронавирус:
- Проверете дали имате температура.
Алергиите сами по себе не треба да бидат придружени со треска. Од друга страна, треската и температурата се некои од симптомите на Ковид -19.
- Како функционираат вашите сетила?
Се верува дека губење на вкус и мирис е симптом на Ковид -19, што не е карактеристика на алергија.
- Чешање на очите
Алергиите често предизвикуваат чешање, насолзени и црвени очи. Ковид -19 не е поврзан со овие типови на симптоми на алергиски конјунктивитис.
- Земете ја во предвид историјата на алергии
Многу кои страдаат од алергија имаат претходна историја на сезонски алергии. Значи, ако стеблата или другите растенија кои ви создаваат проблеми веќе започнале да цветаат и сте имале историја на алергии, веројатно тоа е случај.
- Дали ви дејствуваат антиалергиските лекови?
Ако вашиот нос тече или е затнат, проверете дали се чувствувате подобро со земање на пропишан антихистамин. Типично кај алергиите, ќе почувствувате одредено подобрување на симптомите во рок од еден час по земањето на овие лекови, што не е случај со коронавирусот.