Стартуваше дванаесетото, традиционално издание на „Вечерите на женски права“, настан кој го прославува денот на жените – 8. Март, на различни локации низ Скопје. Целта е преку уметност, да се поттикне дебатата и кај жените и кај мажите за родовата нееднаквост.
Годинава настаните се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.
Според организаторите, искуството од претходните години покажало дека скопјани сакаат да учествуваат во активности по однос на прашања поврзани со женските права и родовата еднаквост.
Настанот од 6 до 8 март ќе се одржи во Младинскиот културен центар – МКЦ, Културно информативниот центар – КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, а на крајот на мај во Кинотеката.