(Фото) Љубов и сонце е сè што ни треба: Александра од „Брза кујна“ во парк со бебето

Поранешната водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, го искористи убавото време пред неколку дена да се прошета во Градскиот парк во Скопје со ќерката Сара и сопругот Александар.

„Двa основни елементи потребни за одржување на животот се сонцето и љубовта“, напиша таа.

Александра се породи пред повеќе од еден месец, а откако стана мајка ужива во секој момент со нејзината ќерка Сара. Со сопругот Александар се венчаа во 2016 година.

За потсетување, поради бременоста, таа се повлече од „Брза кујна“, а на нејзино место дојде Сања Савеска.

Scroll to Top