Поранешниот телохранител на Канје Вест, Стив Станулис, откри дека разгледува понуди од две стриминг-студија за детаљно да го опише времето кога работел со музичката ѕвезда и да ги открие неговите тајни, но и некои од тајните на семејството Кардашијан.
Станулис за порталот „Пејџ сикс“ изјави дека студијата што му понудиле таков проект планираат документарец со „реални 48 часа“ за неговите искуства со 43-годишниот музичар.
Тој претходно рече дека „секој ден со Канје бил нова авантура“, алудирајќи на периодот кога работеше за раперот во 2016 година.
Сепак, телохранителот не откри дали ќе прифати некоја од понудите и колку пари му се понудени.