Босанската група „Црвена јабука“ на 8 и 9 март одржа два концерта во белградската „Комбанк арена“. Концертите ја налутија српската јавност оти во земјата од неодамна има рестрикции, а се најавува и целосно затворање поради ширење на заразата од Ковид-19.
„Ова е навреда и непочит кон сите доктори“, „Дали во земјата Србија некогаш нешто било нормално? Сите знаеме дека одговорот е не, така што – што е чудно?“, се дел од коментарите на „Твитер“. Таму се појави и видео од концертот. „Дали вие се шегувате со нас?“, стои во пораката.
Неколку дена пред нив, концерт одржала и Ивана Петерс, некогашната пејачка на „Тап 011“ и „Негатив“. Во Белград се најавуваат и концерти на Џенан Лончаревиќ, Рамбо Амадеус и други музичари.
Je l' se vi šalite sa nama?! Kombank dvorana večeras?! pic.twitter.com/njWzcgU3Pk
— Ksenija (@XeniaKsenija21) March 9, 2021