Метју Мекконахи сака да се кандидира за гувернер на Тексас

Актерот Метју Мекконахи вели дека сериозно размислува да се кандидира за гувернер на сојузната американска држава Тексас. Во неговото неодамнешно гостување во поткастот „Балансиран глас“ на водителката Ранија Манкариус тој рече дека е сериозен во намерата да влезе во политиката.

„Навистина размислувам за тоа. Сега разгледувам која е мојата лидерска улога. Мислам дека има некои работи на коишто можам да ги научам другите и да ги споделам со нив и која е мојата улога. Во која категорија ќе бидам во моето следно поглавје од животот во кое влегувам“, рече 51-годишниот актер.

Мекконахи смета дека неговите политички ставови се агресивно центристички настроени. Тој ги критикува и левицата и десницата лани во декември кога беше гостин кај Расел Бренд.

„Во таа либерална левица има многу луѓе што апсолутно попуваат, надмени и арогантни се кон преостанатите 50 проценти“, рече тој пред да ги нападне конзервативците бидејќи го оспорија изборот на Бајден на претседателската функција.

Актуелниот гувернер на Тексас, Грег Абот, го очекува реизбор в година.

Scroll to Top