(Видео) Мелиса Мекарти и Оливија Спенсер суперхерои во комедијата Thunder Force на „Нетфликс“

Стриминг-платформата „Нетфликс“ го објави официјалниот трејлер за новиот филм Thunder Force („Силата на громот“), чија премиера ќе биде на 9 април следниот месец.

Thunder Force e американски суперхеројски хумористичен филм напишан и режиран од Бен Фалконе. Главните улоги ги толкуваат Мелиса Мекарти и Октавија Спенсер, а во другите улоги се најдоа Џејсон Бејтмен, Боби Канавале, Пом Клементиф, Кевин Дан и Мелиса Лео.

Thunder Force е комедија за две најдобри пријателки, кои стануваат суперхеројки. Во трејлерот се открива како Лидија (Мекарти) повторно се сретнува со својата најдобра пријателка од детството, Емили (Спенсер) е успешна научничка што создала технологија и која на обичните луѓе им дава супермоќ.

Лидија случајно ја зема формулата што дава супермоќ, ненамерно создавајќи го првиот вистински суперхеројски тим. Кога ќе се појави нов негативец познат како Кралот (Боби Канавале), пријателките се здружуваат за да го спасат градот.

Ова не е прва соработка на Мекарти и Фалконе – тие претходно соработуваа на филмовите Tammy, The Boss и Life of the Party.

Thunder Force е еден од вкупно 71 филм што „Нетфликс“ планира да ги објави годинава.

Scroll to Top