Целата ситуација со мојот бубрег ме натера да сфатам колку треба да бидам благодарена на некои луѓе во мојот живот, вели Ања Ветерова која е во Америка. Таа имала проблеми со бубрегот и многу висока темпертура, зарди која западнала во бунило и била неколку дена во болница. “Ова сум јас ден по треска од 43 ° C (109,4 ° F) . Читате како што треба. И тоа не беше Ковид. И сега, кога целото патување официјално заврши, би сакала да споделам неколку лекции што ги научив во изминатите две недели: Од тоа да се грижете за вашето тело и да проверете дали живеете здраво секој ден. Секогаш побарајте медицинска помош кога имате болка. Пиете тони вода, земете ги вашите витамини. Не земајте го вашето тело здраво за готово. Вашето тело е дом во кој ќе живеете засекогаш“, вели Ветерова.
“Благодарам на секој од вас кој ми се јавуваше, ми праќаше пораки, ме поддржуваше, ме сакаше во тие денови. И благодарам на едно посебно момче кое беше до мене до крај, “раскажа пејачката