Познатиот српски и југословенски рок-музичар Драгољуб Ѓуричиќ почина денес на 68 години. Поранешниот тапанар на „Леб и сол“ почина по кратката борба со коронавирусот.
Откако му беше дијагностициран Ковид-19, тој беше префрлен на интезивна. Блиски до него говореа дека Ѓуричиќ имал висока температура од 39 степени и дека доцна решил да побара лекарска помош.
За потсетување, познатиот музичар свиреше во групите „Леб и сол“, „Кербер“, со Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и со други познати изведувачи.
Ѓуричиќ е роден во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Свиреше во групата „Леб и сол“, „Кербер“, беше тапанар на Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, свиреше и со многу други познати изведувачи од регионот.
Поранешниот тапанар на „Леб и сол“, Драгољуб Ѓуричиќ, е на интензивна нега поради коронавирусот